Eурофарм Пелистер вчера беше поразен и во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, подобар од македонскиот шампион беше норвешкиот Клоштад со 34:27.
Така Еурофарм Пелистер стаан вториот тим во историјата на ова натпреварување по Загреб кој групната фаза ја завршил без бодови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интересна изјава по овој дуел имаше ракометарот, Урош Борзаш кој постигна 11 голови. Борзаш тренерот Ангеловски го спореди кошаркарскиот тренер, Жељко Обрадовиќ.
„Човечките односи во тимот се одлични, а тренерот е суперкоректен кон нас. Доста е импулсивен, таков е и така треба да го прифатите. Никогаш не сум работел со Жељко Обрадовиќ, но ми се допадна една изјава од Перо Антиќ за него, а тоа е дека 22 часот ти е другар, а два часа ти ја вади душата. Тоа може да се каже и за Бранко зашто навистина е импулсивен, но кога ќе заврши тренингот и кога ќе завршат натпреварите, тој е таму за нас тој е пријател. А и на терен ако го правиш тоа што го бара тогаш нема проблеми.
Но, ако не се почитува, тогаш е во сосема друго издание кое можевте да го видите за време на тајмаутот со Вардар во првото коло од плеј-офот“, изјави Борзаш во подкастот на „Balkan Handball“.