Дома Останати Кошарка Човек-рекорд: Обрадовиќ испиша историја во Евролигата!

Човек-рекорд: Обрадовиќ испиша историја во Евролигата!

Кошаркарскиот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ е првиот стрaтег во Евролигата кој стигнал до 350. победа во кариерата на 526 натпревари.

Вчерашната победа на Партизан против Алба во Берлин со резултат 94:83, во натпреварот од 33. коло на Евролигата, беше јубилејна 350 за Обрадовиќ, но за него поважно е што пред крајот на регуларниот дел црно-белите остануваат во трката за плеј-ин во Евролигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Партизан во главно главно ќе зависи од резултатите на Анадолу Ефес, кој би морал да загуби еден од последните два натпревари, со обврска црно-белите да ја совладаат Валенсија во „Штарк Арената“ во последното коло. Црно-белите имаат подобар учинок меѓу себе и од Ефес и од Басконија, до која би можеле да стигнат доколку избраниците на Душко Ивановиќ ги загубат последните два меча.

Зад Обрадовиќ се италијанскиот тренер Еторе Месина со 313 победи, шпанскиот селектор Пабло Ласо со 249 победи, Шпанецот Чави Пасквале со 241 победа, Гркот Димитрис Итудис со 218 победи, црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ со 217 победи, турскиот тренер Атагин со 216 победи, Гркот Јоргос Баркокас со 198 победи, литванскиот стручњак Шарунас Јасикевичиус со 162 победи и Израелецот Дејвид Блат со 152 победи.

Во текот на кариерата Обрадовиќ ги водеше Партизан, Хувентуд, Реал, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче. Во кариерата освои 64 трофеи и награди, дури девет евролиги, три пати беше тренер на годината во Евролигата, ФИБА двапати го прогласи за најдобар тренер во Европа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

На натпреварите од 29 коло од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа. Судиска ком…