Дома Фудбал Италија Официјално: Монтела доби отказ, легендата го презема Милан!

Официјално: Монтела доби отказ, легендата го презема Милан!

Тоа што се очекуваше веќе подолго време денес стана официјално. Милан му врачи отказ на тренерот Винченцо Монтела после серијата на лоши резултати.

„Росонерите“ во летниот преоден рок потрошија 230 милиони евра на засилувања, но резултатите се далеку од очекуваните.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


После ремито без голови вчера против Торино, денес раководството одлучи да му врачи отказ на Монтела.

Она што сигурно ќе ги израдува фановите е што за нов тренер е назначен легедарниот Џенаро Гатузо кој ги водеше младинците.

„АЦ Милан му се заблагодарува на господинот Винченцо Монтела и неговите соработници, и потврдува дека тој не е повеќе тренер на првиот тим. За нов тренер е назначен Џенаро Гатузо, на кого му посакуваме добра работа“, стои во соопштението на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бројка од која „боли глава“: Еве колку вреди брендот на Кристијано Роналдо

Според истражувањето на португалскиот Институт за администрација и маркетинг, брендот на п…