Дома Трансфер зона Официјално: Марсеј го претстави Стротман!

Официјално: Марсеј го претстави Стротман!

Францускиот гигант Марсеј денес и официјално го потврди трансферот на Кевин Стротман, кој доаѓа од Рома.

28-годишниот Холанѓанецот од 2013 година беше член на Рома, а сега се сели во Марсеј за сума од 25 милиони евра, плус бонуси.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Стротман денес успешно ги помина лекарските прегледи, а потоа стави потпис на 5-годишен договор според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.

„Холандија, Италија и сега Франција за неговиот нов предизвик во Олимпик Марсеј. Кевин Стротман настапувал за четири клубови во своите 12 сезони како професионалец. Сега е еден од нас“, стои во соопштението на Марсеј.

Холанѓанецот во Марсеј повторно ќе соработува со тренерот Руди Гарсија со кого имаа одлична соработка во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…