Премиерлигашот Евертон денес офицјално го претстави Марко Силва за нов менаџер на клубот.
40-годишниот Португалец доаѓа на местото на Сем Алардајс и денес потпиша 3-годишен договор со „карамелите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова за Марко Силва ќе биде трет клуб од Премиер лигата, претходно со успех ги предводеше тимовите на Хал Сити и Ватфорд.
„Горд сум да бидам новиот менаџер на Евертон. Возбуден сум поради овој огромен предизвик. Ја познавам богатата историја на клубот и знам какви очекувања имаат навивачите. Сакам приврзаниците да се гордеат со тоа што тимот го покажува на теренот. Евертон е многу амбициозен клуб. Кога си во таков клуб, за тебе има само едно решение – да се стремиш кон победа. Во фудбалот е невозможно да победуваш на секој натпревар, но во секоја средба ние ќе се потрудиме да покажеме дека имаме амбиција“, изјави Силва