Тоа што го најавуваа сите шпански медиуми, сега доби официјална потврда. Реал Мадрид му врачи отказ на тренерот Јулен Лопетеги.
Лопетеги ова лето го презеде кормилото на „кралскиот“ клуб, но имаше катастрофален старт на сезоната. Реал Мадрид моментално се наоѓа на 9-то место во Примера, што е неприфатливо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Капката која ја прелеа чашата беше дебаклот кој Реал го доживеа вчера во „Ел Класико“, па претседателот Перез реши денес да му врачи отказ на Лопетеги.
Реал му се заблагодари на Лопетеги, а на клупата како привремено решение ќе седне Сантиаго Солари, кој беше тренер на вториот тим.
Comunicado Oficial. #RealMadridhttps://t.co/zLNpJepnph
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) October 29, 2018