Ливерпул денес и официјално го потврди трансферот на Доминик Собоцлај, кој доаѓа од Лајпциг за 70 милиони евра.
Собоцлај беше голема желба на Клоп, па Ливерпул реши да ја плати откупната клаузула од 70 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Унгарскиот репрезентативец ги мина лекарските прегледи и денес стави потпис на 5-годишен договор.
Собоцлај на „Енфилд“ го избра бројот 8 од легендарниот Стивен Џерард, а објасни и зошто.
„Имам тетоважа од Стивен Џерард па затоа го одбрав бројот 8. Тој беше еден од најголемите фудбалери кога јас бев дете и растев“.
Learn perfect pronunciation of Dominik Szoboszlai from the man himself 👌 pic.twitter.com/EtUfUazHJZ
— Liverpool FC (@LFC) July 2, 2023