Дома Фудбал Италија Официјално: Конте нов тренер на Наполи!

Официјално: Конте нов тренер на Наполи!

Како што се најавуваше веќе подолго време, Антонио Конте од денес и официјално е нов тренер на Наполи.

Во минатото Конте работеше во Јувентус и Интер, а сега го презема и Наполи. Актуелната сезона во која Наполи влезе како бранител на Скудетото ја одигра лошо и заврши на десеттата позиција неуспевајќи да избори ниту излез во европските натпреварувања.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Сезоната во Неапол ја започна Руди Гарсија, потоа дојде Мацари, а во текот на пролетта на клупата седеше Франческо Калцоне.

Трофејниот италијански тренер со Наполи потпиша договор на три години. Последниот ангажман Конте го имаше во Тотенхем и од март минатата година беше без клуб. Во кариерата ги водеше уште: Челзи, Сиена, Аталанта, Бари и Арез. Еден период беше и селектор на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Флик

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, прен…