Maкедонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев е нов играч на Славија Софија.




Бугарскиот клуб денес официјално го потврди трансферот. Чешмеџиев во Бугарија доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Шкупи.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
За Чешмеџиев кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија ова втор интернационален предизвик после Вележ во Босна.




Во кариерата Чешмеџиев беше дел уште од Шкендија, Македонија Ѓ.П и Академија Пандев. Ќе потсетиме изминатата полусезона дел од Славија Софија беше Ѓоко Зајков.
Коментари