Дома Фудбал Италија Официјално: Кандрева потпиша за Сампдорија

Официјално: Кандрева потпиша за Сампдорија

Искусниот играч Антониот Кандрева и официјално ја засили Сампдорија.

Поранешниот италијански репрезентативец после четири години го напушти Интер, а во Сампдорија ќе игра како позајмен играч.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Иако нема информации за детали од трансферот, италијанските медиуми пренесуваат дека Сампдорија на Интер платила три милиони евра за едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот по крајот на сезоната.

Во претходната сезона одигра 40 натпревари за Интер, постигна седум погодоци и запиша девет асистенции.

Во досегашната кариера помеѓу останатите настапуваше за Лацио, Јувентус, Парма и Удинесе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Несторовски ги шокираше Хрватите, два гола постигнал со – пукнато ребро!

Поранешниот репрезентативец Илија Несторовски беше главниот херој во убедливата победа на …