Дома Трансфер зона Официјално: Интер го претстави Моузес

Официјално: Интер го претстави Моузес

Миланскиот гигант Интер денес и официјално го потврди новото засилување, Виктор Моузес.

Моузес доаѓа од Челзи на позајмица до крајот на сезоната, а „нероаѕурите“ ќе имаат право на лето да го откупат неговиот договор за 12 милиони евра.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Моузес е играч на Челзи, но првиот дел од сезоната го мина на позајмица во Фенербахче, а сега доаѓа во Милано за повторно да соработува со тренерот Антонио Конте.

Конте одлично го познава Моузес уште како менаџер на Челзи и верува дека квалитетите на крилниот напаѓач ќе бидат од големо значење за Интер во трката за шампионската титула во Италија оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…