Жоао Марио е нов играч на Бенфика.
Играчот од средниот направи трансфер на „Естадио да Луж“ бесплатно откако го раскина договорот со Интер. Интер не се надеваше дека на ваков начин ќе се раздели од Жоао Марио, меѓутоа не сакаше да ризикува тужба па останаа без некој милион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако клубовите се договорија за трансфер кој ќе изнесува 7.5 милиони евра Спортинг се закани дека ќе бара 30 милиони евра. Од клубот тврдеа дека во договорот на Жоао Марио имало клазула која им ги гарантира тие 30 милиони евра ако фудбалерот направи трансфер во нивни ривал.
Затоа „нероаѕурите“ не сакаа да ризикуваат, па прво се раскина договорот со играчот. Бенфика на тој начин го доби бесплатно.
🎥 @joaome17 é do SL Benfica!#DeTodosUm pic.twitter.com/cB0879PUgs
— SL Benfica (@SLBenfica) July 13, 2021