Дома Фудбал Италија Официјално: Жиру стави потпис на нов договор

Официјално: Жиру стави потпис на нов договор

Само ден после пласманот во полуфиналето од ЛШ, Оливие Жиру стави потпис на нов договор со Милан.

Милан денес потврди дека Жиру го продолжил договорот со клубот до јуни 2024 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


36-годишниот Жиру се уште игра на врвно ниво. Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот му понуди нов договор.

Неговиот договор со „росонерите“ истекуваше на крајот на сезоната, па денес ја продолжи соработката за уште една сезона.

Жиру стави потпис на договор до јуни 2024 година и ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…