Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Еурофарм Пелистер се раздели со уште еден ракометар

Официјално: Еурофарм Пелистер се раздели со уште еден ракометар

Oткако во текот на вчерашниот ден Пелистер го потврди заминувањето на Андреас Нилсон денеска официјално заминува и уште еден Данец, Каспер Кисум.

РК Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката. Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Кисум во првиот дел од сезоната постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Суперлигата. Со неговата професионалност и неспорен квалитет клубот доби големи придобивки во неговиот едногодишен престој во Битола и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Каспер Кисум.

РК Еурофарм Пелистер му посакува приватни и професионални успеси на Каспер Кисум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…