Дома Фудбал Италија Официјално: Ериксен повеќе не е играч на Интер

Официјално: Ериксен повеќе не е играч на Интер

Како и што беше најавено Интер го потврди раскинувањето на договорот со Кристијан Ериксен.

Ериксен немаше можност после ситуацијата на Европското првенство да продолжи да игра фудбал во Серија А, па двете страни беа приморани да ја прекинат соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Клубот му посакува се најдобро во иднина на Ериксен и неговото семејство. Убавите моменти како прегратките од навивачите и славењето на Скудетото ќе останат секогаш запаметени“, соопштија од Интер.

Сегашните најави се дека Ериксен нема да ја заврши кариерата туку ќе продолжи да игра фудбал во првенствата каде што тоа е можно. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е неговиот поранешен клуб Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Екипата на Брера Струмица важни три бода на гости кај Арсими во Гостивар, триумфирајќи со …