Стефан Ел Шарави е нов играч на Рома.
Овој 28 годишен фудбалер денес потпиша договор со римскиот клуб и псоле една година се враќа на „Олимпико“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога првпат дојдов во клубот сфатив колку малку е потребно овој град да остави впечаток на тебе. Кога заминав брзо сфатив дека и клубот и градот ќе останат во моето срце. Едвај чекам повторно да го облечам овој дрес“, изјави Ел Шарави.
Дресот на Рома, Ел Шарави го носеше од 2016 до 2019 година. Натапи на 139 натпревари и постигна 40 голови, а потоа направи трансфер во кинескиот Шангај Шенуоха.