Дома Фудбал Англија Официјално: Едерсон ја продолжи верноста кон Манчестер Сити – ваков договор е реткост!

Официјално: Едерсон ја продолжи верноста кон Манчестер Сити – ваков договор е реткост!

Бразилскиот голман Едерсон минатото лето од Бенфика пристигна во Манчестер Сити каде што веќе во првата сезона покажа дека се работи за фантастичен голман.

Пеп Гвардиола прво го доведе Клаудио Браво како прв голман, но потоа не беше премногу задоволен со настапите на поранешниот голман на Барселона. Минатото лето за Едерсон издвои огромна сума, но овој 24 годишен голман му врати на најдобар начин.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Манчестер Сити Бразилецот го награди на најдобар начин, со нов договор. Вистинска реткост е еден фудбалер да го продолжи договорот на седум години, а токму тоа го направи Едерсон – потпиша договор со важност до 2025 година!

„Ова е доказ дека клубот е задоволен од она што го прикажувам на теренот и дека верува во мене. Се надевам дека и во иднина ќе ја оправдам нивната доверба и ќе ги израдуваме навивачите“, изјави Едерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски гази: Сега погоди и со „ножички“! (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски очигледно ја подигнува формата во финишот од годината, …