Тоа што беше познато уште пред извесно време денес доби официјална потврда, Џанлуиџи Донарума е нов играч на ПСЖ.
Најдобриот фудбалер од Европското првенство денес пристигна во Париз и стави потпис на договор до 2026 година, според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона плус 2 милиони како бонуси.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
22-годишниот Донарума доаѓа во ПСЖ како слободен агент откаку му заврши неговиот договор со Милан.
Тој ги мина лекарските прегледи со ПСЖ уште за време на ЕУРО, а денес и официјално беше потврден трансферот.
Buongiorno 🧤#WelcomeGigio pic.twitter.com/jqyRdRjcLa
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 14, 2021