Диего Коста е нов играч на Вулвс. Шпанецот ги помина лекарските прегледи и откако вчера доби работна дозвола повеќе нема пречки да стане играч на овој тим.
Бразилско-шпанскиот напаѓач е слободен играч откако му истече договорот со Атлетико Минеиро со кој ја освои титулата во Бразил.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Далеку е Коста од вормата со која некогаш беше страв и трепет за одбранбените играчи, но секако дека може да биде од голема помош за Челзи. Најдобриот фудбал го играше од 2014 до 2018 година во Челзи со кој два пати ја освои Премиер лигата и постигна вкупно 59 голови.
Во тој период се стекна и со репутација на „нечист“ играч кој често влегуваше во конфликт со противниците.