Дома Топ вести Официјално: Гвардиол стана најскапиот дефанзивец во историјата!

Официјално: Гвардиол стана најскапиот дефанзивец во историјата!

Joшко Гвардиол е нов фудбалер на Манчестер Сити. Англискиот шампион го откупи хрватскиот репрезентативец по неколку недели интезивни преговори.

Гвардиол со овој трансфер стана најскапиот стопер во историјата на фудбалот. Лајпциг за продажбата на хрватскиот фудбалер ќе заработи 90 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На овој трансфер се израдуваа и во Динамо Загреб каде што добиваат 15% од споменатата сума.

Гвардиол во дресот на Лајпциг одигра 87 натпревари, постигна пет голови и запиша три асистенции, а посебно вниманието на себе го привлече со настапот за Хрватска на Мундијалот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…