Вест Хем го комплетираше трансферот на дефанзивецот на Саутемптон, Жозе Фонте за кого плати 8 милиони фунти.
33-годишниот централен дефанзивец, кој минатото лето стана европски шампион со Португалија, потпиша договор со тимот од Лондон до јуни 2019 година, со можност за продолжување за уште една сезона.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според гласините, Португалецот влегол во конфликт со менаџерот Клод Пуел и тоа станало причина за неговата желба да го напушти „Сент Мерис“ по 288 натпревари.
Фонте важи за еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата и за него интерес покажуваа многу премиерлигаши, па сигурно ќе биде големо засилување за „чеканите“.