Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Вардар донесе големо засилување од Будуќност

Официјално: Вардар донесе големо засилување од Будуќност

Поранешната репрезентативка на Србија, Драгана Цвијиќ, од наредната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар, објави клубот на својата интернет страница.

Една од најдобрите европски ракометарки на пивотменската позиција, Драгана Цвијиќ, потпиша две годишен договор со ЖРК Вардар. Таа „црвено-црниот“ дрес ќе го облече по завршувањето на оваа сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Вардар почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Драгана Цвијиќ е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција. Верувам дека со доаѓањето на Цвијиќ во нашите редови ќе имаме уште поконкурентна екипа подготвена за високи дострели. Вардар секогаш се стреми да ги има најдобрите можни играчи во своите редови, кои ќе придонесат за остварување на зацртаните клупски цели“, изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер ја почнува новата европска авантура – прв ривал во ЛШ е Загреб

Пелистер и оваа година ќе биде македонскиот претставник во најелитното ракометно натпревар…