Пристигна уште едно засилување во тимот на Вардар.
Црвено-црните го официјализираа трансферот и на третиот Бразилец во овој преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После Виктор Нилдо Јуво и Вилијан Лира потпис на договор од две години со македонскиот клуб стави, Данило Бала Соуза Муниз.
Данило по потписот изрази големо задоволство што стави потпис на договор со најтрофејниот клуб во Македонија.
„Дојдов во најголемиот и најтрофеен клуб во Македонија и среќен сум поради тоа. Се надевам дека ќе бидам од корист и ќе му помогнам на клубот да стигне до титулата во домашното првенство. Запознаен сум со историјата на овој клуб која е навистина голема. Овој тим минатата година играше во групната фаза во Лигата на Европа и тоа воопшто не е мала работа,
се надевам дека во четврток ќе успееме да ја елиминираме првата пречка во овие квалификации“, изјави Данило по потпишувањето на договорот.