Полскиот голман денес беше претставен како ново засилување на Јувентус.
„Старата дама“ дефинитивно ги реши дилемите околу тоа кој би можел да биде замена за Џиџи Буфон во неговата последна сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изборот падна на полскиот голман кој претходните две сезони ги помина во Рома како позајмен фудбалер.
Војчех Шчесни има 27 години и со фудбал започна да се занимава во родната Варшава, Арсенал го доведе од Легија и во дресот на „Топџиите“ помина 11 години. Рома не беше единствениот клуб во кој беше позајмен, кон крајот на минатата деценија беше испратен и на калење во Брентфорд.
Со италијанскиот клуб Шчесни потпиша договор на четири години и го избра дресот со број 23.