Дома Трансфер зона Официјално: „Бисерот“ на Барса се сели во Јапонија

Официјално: „Бисерот“ на Барса се сели во Јапонија

Играчот за врска на Барселона, Сержи Сампер официјално го раскина договорот со каталонскиот клуб и потпиша со јапонскиот Висел Кобе, објавија денес од „Камп Ноу“.

24-годишниот играч за врска има 13 официјални натпревари за првиот тим на Барселона и тоа во четири сезони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сезона запиша само два настапи и тоа против Гранда и Лас Палмас. Во меѓувреме доби понуда од Јапонија и реши да го раскине договорот со Каталонците.

Во својот нов клуб Сампер ќе игра со сонародниците Андрес Иниеста и Давид Виља кое го носат дресот на Висел Кобе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…