Колумбискиот фудбалер Јери Мина и официјално е нов фудбалер на Барселона откако потпиша преддоговор со каталонскиот гигант.
Каталонско „Спорт“ ексклузивно пренесува дека Барса откако неколку месеци ги следела неговите настапи решила да го донесе на „Камп Ноу“ и договорот е конечно постигнат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Потпишавме преддоговор. Готово извесно е дека Мина од следната сезона ќе биде член на Барселона“, потврди неговиот агент.
Мина има 22 година, игра на позиција централен дефанзивец и моментално настапува за брзилски Палмеирас.
Агентот потврди дека многу клубови од Европа покажале интерес за него, но Барселона била најконкретна.