Барселона потврди дека потпишала нов договор со 17-годишниот Марк Бернал кој се обврзал на верност до 2029 година со каталонскиот гигант.
Станува збор за дефанзивен играч од средниот ред, роден во 2007 година, кој ова лето се истакна за време на претсезоната под водство на Ханси Флик, но за жал, заработи тешка повреда на коленото поради која ќе паузира една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходниот договор на Бернал со Барселона имаше важност до 2026 година, но сега ја продолжи соработката со дополнителни три години.
Во неговиот договор е вметната и откупна клазула од 500 милиони евра, потврди Барселона.
📝 DEAL DONE: Marc Bernal has extended his contract with Barcelona until June 2026!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 30, 2024
(Source: @FCBarcelona ) pic.twitter.com/0I9ss0lIJj