Дома Фудбал Откриено што му шепна Симеоне на Мората!

Откриено што му шепна Симеоне на Мората!

Камерите уловија интересен момент и краток разговор помеѓу Диего Симеоне и Алваро Мората на дербито помеѓу Реал и Атлетико во Лигата на Шампиони.

Симеоне го искористи моментот кога Алваро Мората тргна да се загрева и помина покрај него, па започна разговор со напаѓачот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Камерите го уловија тој момент и веднаш беше откриено што му рекол аргентинскиот стратег на напаѓачот на „кралевите“.

„Дојди играј за мене во Атлетико”, му рекол Чоло на Мората.

Мората не добива голема минутажа оваа сезона и најверојатно ќе ја промени средината на лето, но медиумите тврдат дека тој веќе го избрал Челзи и ќе се пресели во Премиер лигата.

Сепак, ова е само доказ колку Симеоне ги цени квалитетите на напаѓачот кој е резерва кај Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Руни ја заклучил својата сопруга поради Ливерпул!

Пред саботниот Мерсисајд дерби, легендарниот Вејн Руни, кој израсна како навивач на Еверто…