Дома Фудбал Репрезентации Откриено: Чичарито не е на СП за Мексико поради cкандал со пpocтитутки

Откриено: Чичарито не е на СП за Мексико поради cкандал со пpocтитутки

Хавиер Хернандез Чичарито е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Мексико, но напаѓачот нема да биде дел од Светското првенство во Катар.

Зад своето име Чичарито има 52 гола на 109 натпревари, меѓутоа после Светското првенство во 2018 година за националниот тим одигра само три натпревари. Новинарот Хозе Рамон Фернандез ја откри причината поради која селекторот на Мексико го игнорира поранешниот ас на Манчестер Јунајтед.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, пред Светското првенство во 2018 година јавноста во Мексико ја потресе cкандал со пpоcтитyтки. Бројни репрезентативци на учествувале во оpгии со пpоcтитyтки, а организаторот на тоа бил Чичарито.

Фернандез за весникот „Процесо“ пишува дека Чичарито си најмил две пpоcтитyки за себе за време на престојот во Њујорк и Сан Антонио, меѓутоа пред Фудбалскиот сојуз на Мексико ја демантирал вината. Другите фудбалери ја признале вината и побарале извинувања, па така продолжиле да играат за Мексико, но не и Чичарито кој категорично одбивал да признае.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим му одговори на Роналдо за ситуацијата во Јунајтед

Рубен Аморим, тренерот на Манчестер Јунајтед, изнесе своја реакција на критиките на португ…