Taжна разделба на „Принцот на Рим“ и Рома после 30 години соработка.
Тоти ја напушти Рома каде што пристигна пред 30 години, легендата го напушта клубот после несогласувања со актуелната управа.
На прес конференцијата за медиумите Тоти ги откри причините за неговото заминување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во последните осум години, откако Американците влегоа, се обидуваа на секој можен начин да не тргнат нас ’романистите“ настрана. Повеќе не гледав смисла во моето работење во клубот“, .
„Бев тргнат на страна, не се прашував за ништо. Се обидував да помогнам на било кој начин, но тоа беше само губење време. Поради тоа решив да си заминам, иако Рома е мојот втор дом. На фановите им порачувам да продолжат да навиваат за овој клуб. Ова не е мое збогум, туку довидување. Кога ќе дојдат нови сопственици, ако ме побараат ќе се вратам веднаш“, зборуваше Тоти на прес конференцијата.
Сега Тоти за прв пат во кариерата би можел да биде дел од друг клуб.
Веднаш после заминувањето од Рома се појави вест дека два клуба веќе му понудиле директорски позиции на Тоти, а сега е откриено кои се тие два клуба.
Фиорентина каде што работи поранешниот директор на Рома, Прада сака да го доведе Тоти во Фиренца. Фиорентина се обидува да го доведе Батистута, но засега нема одговор од Аргентинецот и Тоти би можел да излезе во прв план.
Покрај Фиорентина, претеседателот на Сампдорија Фереро го повикал Тоти и му понудил директорска функција.
Останува да видиме каков ќе биде одговорот на легендата на Рома.