Еминентниот италијански новинар, Фабрицио Романо откри дека Пол Погба ова лето бил блиску до враќање во Јувентус.
Трансферот бил планиран од поодамна, а Романо ги откри причините поради кои трансферот не се реализира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Доколку не беше пандемијата на коронавирус, Пол Погба денеска ќе играше за Јувентус. „Старата дама“ беше подготвена да испрати висока понуда за него, но поради финансиската криза тоа на крајот не беше можно“, истакна Романо.
Погба пропушти поголем дел од минатата сезона, а оваа сезона не игра на препознатливо ниво, па долго време се шпекулира со негово заминување од „Олд Трафорд“.