Дома Топ вести Откриени плановите на ПСЖ: Приоритет е ѕвездата на Јувентус

Откриени плановите на ПСЖ: Приоритет е ѕвездата на Јувентус

Пари Сент жермен ќе се обиде во летнот преоден рок да го донесе левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро, потврди за француските медиуми познатата новинарка Клаудија Гарсија.

ПСЖ веќе почна да работи на летните засилувања, а Алекс Сандро е на врвот на листата желби.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„ПСЖ се уште немаат јасна идеја за тренерското место, но тоа не важи за фудбалерите. Тие бараат лев бек и централен дефанзивец. Исто така ќе се обидат да донесат и нов напаѓач бидејќи Кавани најверојатно заминува. Алекс Сандро е приоритет“, изјави познатата новинарка.

Алекс Сандро и минатото лето беше цел на неколку европски гиганти, но остана во Торино. Сепак, „бјанконерите“ сега се спрмени да го пуштат, но за сума не помала од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…