Шпанска „Марка“ го потврди она што веќе долго време се најавуваше – Азар одбил продолжување на договорот со Челзи и ги договорил личните услови со Реал Мадрид.
Челзи е во незгодна позиција бидејќи Азар на лето влегува во последната година од договорот, па на крајот на следната би можеле да го изгубат бесплатно. Поради тоа се согласиле да му го продадат на Реал за 100 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, тоа не е се. Реал следното лето планира голема рекострукција и ќе донесе неколку големи ѕвезди.
Шпанските медиуми денес открија ново име, а станува збор за ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва.
Реал Мадрид е спремен да плати 70 милиони финти за португалскиот репрезентативец.
Real Madrid have placed £70m-rated Bernardo Silva on their wishlist as they look for a long-term replacement for Luka Modrić. Man City are desperate to keep him. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/TWACUhcXsR
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 20, 2019