Дома Топ вести Откриени детали од првата понуда на Реал за Азар!

Откриени детали од првата понуда на Реал за Азар!

Реал Мадрид ги направи првите конкретни чекори во преговорите со Челзи околу купувњето на Еден Азар, а „Скај Спорт“ ги откри деталите од понудата.

Имено, првата понуда на „кралевите“ за Белгиецот изнесувала 60 милиони фунти, а истата експресно била отфрлена од лондонскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Мадрид знаеле дека од Лондон ќе пристигне негативен одговор на оваа понуда, но официјално започна проверувањето на „пулсот“ од страна на „кралевите“.

„Кралскиот“ клуб на овој начин ја стави управата на „сините“ под сериозен притисок поради забраната за регистрација на играчи на клубот од „Стемфорд Бриџ“ до јуни 2020 година.

Ова значи дека во случај Азар да замине не би можеле да доведат негова адекватна замена. Сепак, друг проблем е желбата на Белгиецот да заигра во Мадрид и неговиот договор кој истекува на лето во 2020 година.

Според тоа, ова ќе биде последна шанса за Челзи да заработат од продажбата на Азар.

https://youtu.be/qUnJkmXQBoU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…