Во текот на вчерашниот ден пристигна веста за смртта на олимписката и светска шампионка, Американката Тори Боуви, а денес се објавени нови детали.
Полицијата за јавноста откри дека 32-годишната Тори подолго време не била забележана во јавноста и поради тоа го посетиле нејзиниот дом каде што ја пронашле мртва. Не биле пронајдени никакви траги на насилство.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Според информациите на американските медиуми подолг период Тори имала психички проблеми и поради тоа не сакала да се појавува во јавноста и најверојатно се самоубила, сепак тоа допрва треба да се потврди.
Во својата кариера Тори најголемиот успех го имаше околу Олимписките игри во Пекинг (2016) кога на Светското првенство вп Пекинг освои бронза, а потоа освои и златен медал на Игрите во штафета четири пати по 100 метри, сребро на спринт од 100 метри и бронза во трка на 200 метри.