Дома Фудбал Останато Откриена причината зошто Јунајтед го купи Ди Марија: Ова го изненади фудбалскиот свет

Откриена причината зошто Јунајтед го купи Ди Марија: Ова го изненади фудбалскиот свет

Манчестер Јунајтед го донесе Ди Марија затоа што сакаше да продава дресови со неговото име, а не затоа што мислеше дека Аргентинецот ќе донесе успех на теренот.

Ова го изјави Дебора Гомес, која беше преведувач на „Олд Трафорд“ кога Ди Марија се пресели од Реал Мадрид 2014. година. Во една бразислка емисија таа изјави:

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Забележав многу, имав прилика да разговарам со него, беше несреќен во клубот. Прво, не можеше да зборува со никого, а второ, бидејќи свати дека клубот не го купил, бидејќи мислеле дека ќе добијат титули и дека е добар играч. Туку, бидејќи едноставно сакале да потпишат со него за да ги зголемат приходите , но Ди Марија можеби е премногу скап играч за да се превземе тој ризик“, изјави Гомес.

29-годишниот Аргентинец се бореше и со системот, или беше на крило, или во улога на бројот 10. И покрај успехот на играчот, Ди Марија уживаше во четирите години поминати во Реал Мадрид, неговата година во Англија беше срамна и една од најлошите сезони за некој играч во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Родри повторно се повреди. Ќе паузира еден месец

РОДРИ (29), клучниот играч за врска на Манчестер Сити, повторно се соочи со повреда која ќ…