Дома Фудбал Откриено колку Барса добила за трансферот на Суарез и уште колку може да добие

Откриено колку Барса добила за трансферот на Суарез и уште колку може да добие

Весникот каталонски „Спорт“ денес откри дека трансферот на Луис Суарез од Барселона во Атлетико Мадрид бил 5 милиони евра, а не 0 евра, како што се тврдеше до сега.

Минатото лето Суарез ја напушти Барселона и се пресели во Атлетико, па се мислеше дека трансферирал како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, откриено е дека Барселона добила 5 милиони евра од трансферот и преку различни бонуси може да добие дополнителни 6 милиони евра.

Станува збор за три клаузули: Суарез за запише најмалку 20 натпревари за Атлетико, тимот да се пласира во ¼ финале во Лигата на шампиони, како и Атлетико да обезбеди пласман во ЛШ за следната сезона.

За секоја од овие клаузули Барселона добива 2 милиони евра, а бидејќи Суарез веќе одигра 20 меча, Каталонците со сега инкасирале 7 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…