Македонскиот стопер Ристо Митревски после шест месеци се врати во Алашкерт.
Митревски си замина од клубот поради воената состојба во земјата, а сега откако се заврши тој се врати во „старото јато“. Во претходните шест месеци тој беше без ангажман.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во претходниот мандат во Алашкерт стигна во месец февруари и одигра 13 натпревари на кој постигна два гола. Играше против Ренова во квалификациите за Лигата на Европа, дуелот во кој Ренова успеа да изненади.
Претходно во кариерата играше за Енозис (Кипар), Хапоел Хаифа (Израел), Истра (Хрватска), Доњи Срем (Србија), Сараево (БиХ), а во Македонија го носеше дресот на Металург, Тетекс, Напредок, Победа и Работнички.