Саудиска Арабија вложува огромни пари за да ја направи лигата што е можно подобро и очигледно засега им успева.
Последното големо име кое се пресели во оваа земја е Бразилецот, Нејмар кој потпиша за Ал Хилал. Нејмар потпиша астрономски договор вреден 350 милиони евра. Бразилецот добива 200 фиксни за двегодишен договор, додека уште 150 милиони евра може да заработи преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европа како полека да го губи приматот, па сега дури осум од 10. најплатени фудбалери дури осум играат во ова првенство кое започна минатиот викенд. Единствениот фудбалер од Европа на оваа листа е Килијан Мбапе, додека преостанатото место за Меси кој премина во МЛС лигата во САД.
На врвот се Кристијано Роналдо и Карим Бензема кои годишно заработуваат 200 милиони евра, потоа следи Нејмар со 100.
ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ФУДБАЛЕРИ ВО СВЕТОТ:
Роналдо (Ал Наср) – 200 милиони евра
Бензема (Ал Итихад) – 200 милиони евра
Нејмар (Ал Хилал) – 100 милиони евра
Канте (Ал Итихад) – 100 милиони евра
Мбапе (ПСЖ) – 70 милиони евра
Меси (Интер Мајами) – 45 милиони евра
Садио Мане (Ал Наср) – 40 милиони евра
Џордан Хендерсон (Ал Етифак) – 40 милиони евра
Ријад Марез (Ал Ахли) – 35 милиони евра
Кулибали (Ал Хилал) – 30 милиони евра