Дома Фудбал Англија Островските медиуми ги шокираа навивачите на Јунајтед: Еден од клучните играчи заминува во Турција

Островските медиуми ги шокираа навивачите на Јунајтед: Еден од клучните играчи заминува во Турција

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед е мета на турскиот шампион, пренесуваат островските медиуми.

Бешикташ во своите редови го посакува Маруан Фелаини. Белгискиот репрезентативец има важечки договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а со оглед на тоа дека нема индиција да биде продолжен, претстојната зима е последната шанса за „Ѓаволите“ да заработат од неговата продажба.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Мурињо летово го донесе својот миленик, Немања Матиќ, репрезентативецот на Србија и Пол Погба се во предност во однос на Фелаини, иако тој оваа сезона добиваше можеби повеќе минути од очекуваното, со оглед на тоа дека Французинот е надвор од тимот поради повреда.

„Црните Орли“ од Истанбул веќе стапија во контакт со неговиот брат и агент, Мансуро, а турските медиуми потсетуваат дека Фелаини е на листата желби и на Галатасарај.

Давид Мојес го поведе Фелаини со себе на „Олд Трафорд“ од Евертон во 2013. година, платен е 27,5 милиони фунти и тоа е еден од најкритикуваните трансфери на Јунајтед во последно време. Одигра досега 141 официјален меч за „Ѓаволите“, постигна 19 погодоци и освои четири трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед спрема понуда за Влаховиќ

Манчестер Јунајтед сериозно се вклучи во трката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесува Ф…