Дома Фудбал Останаа уште два клуба од петте најдобри лиги кои не знаат за пораз

Останаа уште два клуба од петте најдобри лиги кои не знаат за пораз

Иако сме веќе во месец јануари и во поголемиот дел од лигите веќе започна вториот дел од сезоната, два клуба се уште не знаат за пораз.

Како што се и очекуваше од нив на самиот старт од сезоната, ПСЖ и Јувентус доминираа во француското и италијанското првенство, па се уште не забележаа пораз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Екипата од Париз после 17 одиграни натпревари има скор од 15 победи и два нерешени и се убедливо први на табелата иако имаат два натпревари помалку од второпласираниот тим.

Од друга страна, Старата дама исто така има два нерешени натпревари, но со 17 победи, што во италијанското првенство моментално е доволно за девет бодови предност во однос на второпласираниот Наполи.

Треба да се напомене дека и Ливерпул беше во ова друштво до вчера, но екипата на Јирген Клоп го запиша првиот пораз во ПЛ на Етихад од Манчестер Сити со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…