Дома Македонски спорт Осогово „пецкаше“, Плачковица последна се смееше (фото)

Осогово „пецкаше“, Плачковица последна се смееше (фото)

ФК Осогово е апсолутен хит на социјалните мрежи и еден од најпопуларните македонски клубови на Твитер.

Тоа го потврди и денес пред гостувањето против Плачковица, па преку Твитер го „истролаа“ теренот во Радовиш.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Играме против првиот БИО тим во државата. На сите стадиони теренот се коси, само во Радовиш се паси“, напишаа од Осогово покрај фотографиите со овци на терен.

За разлика од админот на Твитер, тимот на Осогово не е толку силен на теренот, па загуби на денешното гостување кај Плачковица со резултат 2:1.

Како и што се очекуваше, после победата, домашните фудбалери возвратија на провокацијата со интересна фотографија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…