По еден ден пауза македонските одбојкари денес го продолжуваат настапот на Европското првенство, а противник ни е репрезентацијата на Холандија.
Со вчерашната победа на Чешка против Црна Гора нашите одбојкари веќе го обезбедија пласманот во осминафиналето, но и не можеме да кажеме и дека двата натпревари кои следат денес и утре не се важни.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Овие дуели се важни за со позитивен реузлтат да ја избегнеме силната Италија која во осминафиналето во Бари ќе игра на домашен терен. Можеби победа против Чешка изгледа како пореална опција, меѓутоа одбојкарите веруваат и во изненадување со Холандија.
Иако се силна репрезентација, „лалињата“ сепак не се селекција од калибарот на Полска, тоа се покажа и вчера кога изгубија еден сет од Данска. Токму затоа и ние веруваме дека може да се надигруваме.
Натпреварот против Холандија стартува во 17:00 часот во салата „Борис Трајковски“.