Чеди Осман со гестот кој го направи на „Ол-Стар“ натпреварот на ѕвездите во подем ја воодушеви македонската јавност.
Имено, Осман е роден во Охрид па во неговиот голем момент во кариерата сакаше да покаже почит кон земјата каде што е роден и земјата чиј репрезентативен дрес го носи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со патиките со македонско и турско знаме Осман беше еден од кошарките кои привлекуваа внимание, па новинарите не ја пропуштија приликата да го запрашаат зошто се одлучил на таков потег.
„Јас сум роден во Македонија, а играм за репрезентацијата на Турција. Со ставањето на знамињата на моите патики сакав да искажам благодарност и љубов до двете земји кои ме подржуваа во се“, изјави Осман после натпреварот во кој тимот на светот беше поразен од Американците.
Осман ја игра втората сезона во НБА лигата и има навистина солиден учинок во дресот на Кливленд.
Охриѓанецот во актуелната сезона има учинок од постигнати 12.4 поени по натпревар, 4.7 скокови и 2.1 асистенции. Ова значи напредок за Осман во однос на минатата сезона кога забележува 8.5 поени по натпревар.
Иначе, Осман е вториот кошаркар кој е роден во нашата земја и забележал настап на „Ол-Стар“. Прв беше Перо Антиќ кој на овој ист натпревар учествуваше во 2014 година кога во НБА настапуваше за тимот на Атланта.