Дома Останати Осака со пресврт до титулата на УС Опен

Осака со пресврт до титулата на УС Опен

Наоми Осака триумфираше на грен слем тунирот УС Опен, откако во финалето ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-3).

До втората титула на УС Опен а трета вкупно од големите турнир, Осака стигна со сензационален пресврт откако губеше 1-0 во сетови и 2-0 во гемови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Јапонката со серија од 6-1 го изедначи резултатот во сетови и си го отвори патот до титулата. Самодовербата и беше на високо нови и се и одеше од рака во третиот сет кој го доби со 6-3 за конечна победа.

Победата Осака ја прослави со дрес од легендарниот Коби Брајант.

„Во еден момент размислував како би било срамота да загубам во финале за помалку од еден час. Поради тоа си реков во себе дека мора да се потрудам, да не размислувам за негативни работи“, изјави Осака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…