Дома Останати Тенис Осака и Вилијамс за титула на УС Опен

Осака и Вилијамс за титула на УС Опен

Американката Серена Вилијамс и Јапонката Наоми Осака ќе се борат за титулата на УС Опен.

И двете тенисерки лесно дојдоа до големото финале и нивните противници немаа премногу шанси да слават во овој натпревар.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Серена со 2:0, по сетови 6;3 и 6:0 ја победи Анастасија Севастова, па 37 годишната Американка ќе има шанса да дојде до седмиот наслов на УС Опен.

Прв пат оваа титула ја освои пред 19 години и ова е доказ дека Серена е една од најголемите тенисерки на сите времиња.

Од друга страна во финалето ќе ја има јапонската тенисерка Наоми Осака која ја победи Мадисон Киз со 2:0 (6:2, 6:4) и стана првата тенисерка Јапонка која ќе игра финале на Гренд Слем турнир.

Осака го одигра веројатно најдобриот натпревар во кариерата, спаси дури 13 брејк топки и на крајот заслужено се пласира во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од Рим најавуваат големо враќање на Јаник Синер

Организаторите на Отвореното првенство на Италија во Рим ја објавија листата на учесници з…