Дејвид Бекам беше првата голема ѕвезда која заигра во САД во МЛС лигата.
Бекам ја изненади фудбалската јавност во летото 2007 година кога одлучи да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Лос Анџелес Галакси. Заминувањето на големата ѕвезда во САД тогаш беше вистиснки шок за европската јавност, но се покажа дека тој ја отвори вратата за многу европски ѕвезди кои подоцна заиграа на терените во САД.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалот не е нешто посебно популарен во Америка, но Бекам беше еден од најпопуларните спортисти и играјќи за ЛА Галакси остави голема трага и даде голем доприност за фудбалот во САД.
Дека Американците го ценат тоа што го направи Бекам покажаа со најавувањето дека Бекам ќе биде првиот фудбалер кој ќе добие своја статуа во нивната земја. Статуата ќе биде откриена во Лос Анџелес на 2-ри март пред натпреварот против Чикаго Фајр.
Бекам за Галакси одигра 124 натпревари и постигна 11 погодоци.