Кошаркарите кои околу себе ги собра Леброн Џејмс триумфираа на традиционалниот 68-ми по ред „Ол-Стар“ натпревар против тимот на Јанис со 178:164.
Натпреварот и тоа како ги оправда очекувањата, а на двете страни видовме дури 168 обиди за три поени! За тимот на Јанис играше и српскиот кошаркар Никола Јокиќ за кого ова беше деби на натпреварот на сите ѕвезди. Јокиќ натпреварот го заврши со шест поени кои ги постигна во првата четвртина. Освен поените Јокиќ додаде и девет скока за 13 минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За МВП на натпреварот беше избран Кевин Дурант, втор пат во неговата кариера.
ЈАНИС ТИМ – ЛЕБРОН ТИМ 164:178 (53:37, 42:45:36:50, 33:46).
Леброн тим: Дурант 31 (6/9 за три), Ленард 19 (5/11 за три), Џејмс 19 (1/8 за три), Харден 12 (4/13 за три), Ирвинг 13, Дејвис 5, Олдриџ 2, Таунс 11, Лилард 18, (6/17 за три), Симонс 10. Вејд, 7, Томпсон 20 (6/12 за три, Бил 11 (3/10 за три).
Јанис тим: Адетокумбо 38, Џорџ 20 (6/12 за три), Ембид 20, Кари 17 (4/17 за три), Грифин 10, Новицки 9, Мидлтон 20 (6/10 за три), Јокиќ 6, Вучевиќ 4, Расел 6, Лаури 3, Вестбрук 17 (1/8 за три).
Тимот на Леброн со оглед на тоа дека „кралот“ покрај себе имаше имиња како Дурант, Ленард, Лилард, Томпсон…Важеше за фаворит, но дури со серијата тројки во третата четвртина за прв пат стигнаа во водство.
До тогаш тимот предводен од Јанис го диктираше резултатот.
Од самиот старт грчкиот кошаркар тргна со забивања и му немаше рамен во тој сегмент, секако одбраните и овој пат беа единственото нешто што му недостасуваа на овој спектакл. Додека Јанис забиваше неговиот соиграч од Милвоки од поле беше одличен и постигна 4/5 тројки во првата четвртина.
Тоа беше момент кога тимот на Јанис направи добра предност. Предноста на тимот на Јанис одеше и до 20 поени, меѓутоа во третата четвртина суперѕвездите на Леброн започнаа да ја топат разликата и да ја превземаат контролата.
Треба да се каже дека во тимот кој го избра грчкиот кошаркар на почетокот на второто полувреме одличен беше Пол Џорџ кој имаше неколку одлични потези за разлика од неговиот соиграч од Оклахома, Вестбрук кој се мачеше со шутот за три поени (1/8).
Во третата четвртина пресудна беше серијата на тимот кој до тогаш губеше – 19:2. Лилард со две тројки од огромна далечина скоро од кругот на центарот го поведе тимот на Леброн. Бил истот така додаде две, се надоврза и Томпсон, па пред финишот на тој дел беше виден егал – 124:124.
DAME TIME FROM THE LOGO. TWICE.
We've got a game. pic.twitter.com/8jgblUckrV
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 18, 2019
Во последната четвртина во која одбраните колку-толку беа посериозни, Кавај Ленард и Дурант беа клучните играчи. Бекот на Торонто врза три тројки, а потоа Дурант со серија поени го одлучи натпреварот во корист на неговиот тим и си ја обезбеди втората награда во кариерата МВП на еден Ол-Стар натпревар.
Неверојатно звучи податокот дека тимот на Леброн имаше 91 обид за три поени, а погодија 35, додека на спротивната страна видовме 77 обиди од кои реализирани беа 25.
#Giannis ON A ROPE to #NikolaJokic! ?#TeamGiannis 36#TeamLeBron 22
Watch on @NBAonTNT pic.twitter.com/TFFXwQzAYR
— NBA (@NBA) February 18, 2019