Дома Трансфер зона Олмо имал подобра понуда од Милан, но го избрал Лајпциг

Олмо имал подобра понуда од Милан, но го избрал Лајпциг

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо во јануари претпочитал да се пресели во Лајпциг и покрај фактот што понудата на Милан била повисока.

Ова денес го откри тренерот на Динамо Загреб, Ненад Биелица, кој истакна дека Олмо сакал да игра во Лигата на шампиони и затоа го избрал германскиот клуб.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Понудата на Милан беше поголема од таа на Лајпциг, но неговиот избор беше да се пресели во Германија. Тој сакаше да се пресели во Лајпциг за да игра во Лигата на шампиони, како и проектот кој го има во тој клуб за развивање на млади фудбалери“, истакна Биелица.

„Според мене Милан беше идеално решение за него, со оглед на фактот дека го познавам италијанскиот фудбал. Ако потпишеше за Милан ќе направеше подобар избор, но тој избра нешто друго и тоа треба да се почитува“, додаде хрватскиот тренер.

До овој момент 21-годишниот Шпанец има одиграно 4 меча за Лајпциг на кои постигна 1 гол и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…