Дома Македонски спорт Олимпиецот Георгиевски на прием во АМС: Желбата од Токио е да се вратиме со медал!

Олимпиецот Георгиевски на прием во АМС: Желбата од Токио е да се вратиме со медал!

По освоената „А” норма, за Олимпискиот турнир во Токио, најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, денес на прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт со амбициитеза претстојниот најголем спортски планетарен настан.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека Дејан го обели образот на Македонскиот спорт и покрај протоколите за работа и настапи во спортските сали успеа да дојде до посакуваната цел на секој спортист-настап на олимписки игри.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


-Дејан покажа дека имаме спортисти за големи натпреварувања и секој негов чекор до Токио, како и целокупниот престој во Токио ќе биде подпомогнат од Агенцијата за млади и спорт, испакна Мојсовски.

Тој додаде дека успесите нема да изостанат и дека Георгиевски ќе ја израдува нашата земја со освојување на медал.

-Мотивот на квалификациониот турнир беше огромен, што резултираше со победа над азербејџанецот, олимписки и светски првак во таеквондо, што ја зголемува мојата самодоверба за Токио, и желбата од таму да се вратиме со медал, кој може да  биде и златен, истакна Георгиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…